Соопштение На Амбасадата До Јавноста По Повод Недоличните Изрази Кон Турската Нација На Драган Павловиќ Латас - Главен И Одговорен Уредник На Телевизија Сител Објавено На 10 Февруари 2016 Година

Üsküp Büyükelçiliği 11.02.2016

Синоќешниот (10 февруари) недоличен израз на Главниот и одговорен уредник на Сител Телевизија Драган Павловиќ Латас кон великиот Турски народ на најсилен начин го осудуваме.

Овој израз полн со омраза и злоба, во иста мера го возвраќаме кон именованото лице кое во основа и порано покажало смелост да во своите разни емисии и изјави користи навредливи изрази кон високите раководители на Република Турција и турците.

...

Со жалење го примивме овој недоличен израз упатени кон Република Турција и турската заедница која што прва ја призна Република Македонија под нејзиното уставно име и ја поддржува оваа братска и пријателска земја на секое поле.

Именованото лице, по интензивните и праведни реакции на претставниците на нашите сонародници во Македонија, и покрај тоа што се извинил пред турскиот народ и држава, далеку е од состојбата да ја надомести штетата од ваквиот недоличен став.

Ја покануваме Сител Телевизија која што му дала висока раководна функција на ова лице да постапи во склад со објективното новинарсто и во рамките на правичноста и кон именованото лице ги превземе соодветните мерки.

Во врска со овој неприфатлив став, во тек се и интервенциите пред органите на Македонија.

Pazartesi - Cuma

09:00 - 12:30 / 14:00 - 18:00

"Konsolosluk Başvuruları 09.00 - 12.00 ve 14.00 - 16.00 saatleri arası alınır."
1.1.2016 2.1.2016 Yılbaşı
7.1.2016 7.1.2016 Ortodoks Noeli
1.5.2016 2.5.2016 Paskalya
1.5.2016 1.5.2016 İşçi Bayramı
24.5.2016 24.5.2016 Slav Eğitimcileri Bayramı
5.7.2016 5.7.2016 Ramazan Bayramı
2.8.2016 2.8.2016 İlinden Ayaklanması Bayramı
8.9.2016 8.9.2016 Bağımsızlık Günü
11.10.2016 11.10.2016 Halk Ayaklanması Bayramı
23.10.2016 24.10.2016 Makedon Devrimi Mücadelesi Bayramı
29.10.2016 29.10.2016 Cumhuriyet Bayramı
8.12.2016 8.12.2016 Aziz Clement Ohridski Bayramı